Сите знаеме дека познатата Нутела е многу калорична и не е за оние кои сакаат да ослабнат. Но, со помош на неколку состојки можете сами да направите домашен намаз од чоколадо и лешници, кој ќе биде поздрав и помалку калоричен.
Состојки:
- 30 гр сечкани бадеми
- 30 гр сечкани лешници
- 150 гр темно чоколадо
- 70 гр путер
- 100 мл млеко
- 90 гр шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Измиксајте бадеми и лешници додека не добиете кремаста смеса.
Растопете го чоколадото во сад со путер. Додајте млеко и шеќер во прав. Измешајте и кратко загревајте па додајте ја смесата од лешници и бадеми, и мешајте додека не добиете нежен крем. - Топлиот крем ставете го во тегла и затворете, изладете и потоа ставете го во фрижидер.
- Совет: Со изборот на чоколадото ја одредувате аромата на намазот. Со млечно чоколадо намазот ќе биде посладок и поблаг.
Уживајте!
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта