Најбрза гибаница – Лесен рецепт кој секогаш успева

Најбрза гибаница – Лесен рецепт кој секогаш успева

Направете брза и лесна гибаница која ќе рашири многу убава арома во домот.
Ова е рецептот:

Состојки:

  • 500 гр. готови кори
  • 500 гр. сирење
  • 4 јајца
  • 1 шолја јогурт
  • 1 шолја кисела вода
  • ½ шолји масло
  • 1 лажиче сол

Наќин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени и спремете хартија на плех.
  2. Направете го преливот со тоа што ќе измешате јајца со јогурт, кисела вода, масло и сол. Прво се матат јајцата, па се става се останато.
  3. Ставете една кора и ставете и издробено сирење. Ставете друга кора и врз неа сирење, па на третата така, се додека има кори и сирење.
  4. Направете ролат и поделете го со мали засеци на 10 дела.
  5. Исечените парчиња наредете ги на плех. Ставете го преливот од горе.
  6. Се пече 40 минути додека не порумени.
  7. Нема шанси да не ви испадне или да не ви нарасне.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

 

singlepost_text