За Балканот ова е торта број 1: Едноставен рецепт, а резултатот фантазија

За Балканот ова е торта број 1: Едноставен рецепт, а резултатот фантазија

Направете вкусна торта по која полуде цел Балкан. Едноставно и лесно.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 6 јајца 
  • 6 лажици шеќер 
  • 1 ванилин шеќер 
  • 6 лажици млеко 
  • 6 лажици брашно 
  • 1 прашок за пециво 
  • 2 лажици какао

Фил:

  • 1 л. млеко 
  • 3 пудинзи од ванила 
  • 10 лажици шеќер 
  • 250 гр. путер 

     

  • 10 лажици шеќер за шербет 
  • 10 лажици вода за шербет

 

Начин на подготовка:

  1. За тесто се матат пенасто јајцата и се додаваат постепено сите останати состојки за тесто. 
  2. Се става смесата на плех со хартија и се пече на 180 степени 10 минути. 
  3. Се вари водата со шеќер и се остава да се лади. 
  4. Се варат пудинзите со млекото, па се додаваат маргаринот и шеќерот и се мати кремот со миксер. 
  5. Се дели кората на три дела. Сите три дела се прелеваат со шербетот, па се става меѓу нив фил и се ставаат една над друга корите.
  6. Може да декорирате со шлаг.

 

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед