Шпанска посна пита на единствен начин (Видео)

Шпанска посна пита на единствен начин (Видео)

Одличен рецепт за посните денови, но и добра идеја како предјадење за славска трпеза. Многу лесно се подготвува и убаво се сече.

Состојки:

  • 3 чаши проино брашно
  • 50 мл масло
  • 10 гр квасец
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • кисела вода
  • сол
  • 4 кисели краставички
  • неколку лажици ајвар

Начин на подготовка:

  1. Во чинија ставете брашно, додајте сол, масло, прашок за печиво, растопен квасец и замесете со кисела вода. Округла тепсија обложете со хартија за печење. 
  2. На дното ставете третина од смесата, па исечкани кисели краставички, потоа повторно смеса од брашно, па распоредете неколку лажици ајвар и на крај завршете со смеса од брашно. 
  3. Печете на 200 степени 40-45 минути, ако пројата е дебела. Ако плехот е поголем пројата брзо ќе се испече и ќе биде потенка.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт