Сирники: Руски специјалитет готов за 15 минути

Сирники: Руски специјалитет готов за 15 минути

Многумина кои го пробале велат дека ова е еден од најубавите руски специјалитети – и навистина брзо и едноставно се подготвува. Всушност, главната состојка на ова јадење е руско свежо сирење (тврдо).

Состојки:

  • 400 гр свежо сирење
  • 2 јајца
  • 3 лажици брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажици шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разредете го сирењето со вилушка да биде кремасто. Додајте јајца и измешајте со вилушка. Потоа додајте сол, шеќер и брашно и мешајте рачно додека не се соединат (не користете миксер). 
  2. Со лажица ставајте од тестото во сад за пржење и пржете на ниска температура додека од двете страни не бидат убаво испржени.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула