Колач од соништата: Чоколадно чудо кое ќе го обожавате!

Колач од соништата: Чоколадно чудо кое ќе го обожавате!

Едноставен за подготовка, не е скап а има феноменален вкус!

Состојки за кора:

  • 4 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 200 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 4 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво

Состојки за крем:

  • 0,5 л слатка павлака
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 1 лажица шеќер

Начин на подготовка:

  1. За бисквит: Жолчките разматете ги со шеќер, додајте растопен маргарин и чоколадо, а потоа додајте брашно и прашок за печиво. Во друг сад разматете шлаг од белки, но не матете со миксер. Сè соединете и ставете во тепсија. Печете на 180 степени околу 20 минути. Со чепкалка проверете дали колачот е печен. 
  2. За крем: Слатката павлака, чоколадото и шеќерот загрејте ги на помала температура, мешајќи полека додека не зоврие. 
  3. Печениот бисквит избоцкајте го со вилушка на неколку места и прелијте го со крем додека се уште е топол. 
  4. Изладете го на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер добро да се излади и кремот да стегне.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта