Повкусно од мусака и било која тава: Запечени тиквички со мелено месо

Повкусно од мусака и било која тава: Запечени тиквички со мелено месо

Направете вкусен специјалитет со тиквички и мелено месо. Многу е лесно, аромата е фантастична, а вкусот идеален.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 1 кромид 
  • 2 моркови 
  • 300 гр. мелено месо 
  • 100 гр. пченка 
  • 2 тиквички 
  • 150 мл. топла вода 
  • 1 коцка за супа 
  • 180 гр. кисела павлака

 

Начин на подготовка:

  1. Се сече кромидот ситно, а морковите се лупат и се сечат на кругови. Се пржат на масло, па се додава и меленото месо и се пржи се заедно убаво. 
  2. Се става на дното на огноотпорен сад, се става пченката, па тиквичките кои се сечат на мали делови со дебелина на прст. 
  3. Се ставаат зачини.
  4. Во топла вода се става коцка за супа, потоа и киселата павлака или кисело млеко, и се става ова преку тиквичките. 
  5. Се пече на 200 степени околу час.

 

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Тава со тиквички

Запечени тиквички

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Гурманско мелено пилешко со зеленчук

Ролни од мелено месо

singlepost_text