Спанаќ со топено сирење: Совршено јадење од рерна

Спанаќ со топено сирење: Совршено јадење од рерна

Едно од највкусните јадења од спанаќ, го сакаат дури и оние кои избегнуваат да јадат зеленчук!

Состојки:

  • 1 кг спанаќ
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 150 мл павлака
  • 150 гр кашкавал
  • 2 лажици масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Измијте го и исечете го спанаќот, исечкајте го кромидот и лукот. Во тенџере загрејте масло и во него пропржете кромид и лук, додајте спанаќ и динстајте додека спанаќот не поприми боја. Тргнете го поклопот и почекајте течноста да испари. 
  2. Додајте павлака и зачинете со сол и бибер, добро измешајте. 
  3. Префрлете во сад за печење, посипете со рендан кашкавал и печете во претходно загреана рерна на 200 степени, додека кашкавалот не се растопи.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула