Се ближи Велигден и традицијата за фарбање јајца. Сепак иако е најлесно само да се купи боја и да се исфарбаат, постојат и покреативни техники, а една од нив е оваа со свила.Свилена марама е одлчен избор за вапцање јајца.
Исечете парче свила со некои интересни дезени и исто толку парчиња бело платно, големина доволна да замотате јајце.
Замотајте ги јајцата во свила, па во белата ткаенина, и ставете или ластиче или некоја шнола за коса да ги држи. Направете го тоа со сите јајца.
Ставете ги потоа во метален сад и наполнете вода.
Ставете три лажици алкохолен оцет во водата и оставете ги да се варат јајцата 15 минути.
Извадете ги, оладете и одвиткајте.
Истата свила може да се користи неколку пати.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?
ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови
ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца
Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот?