Направете брз и вкусен крем за колачи и обланди кој лесно се прави, а има супер вкус.
Состојки:
- 40 гр. брашно
- 50 гр. шеќер
- 2 дл. млеко
- 1 јајце
- 250 гр. маргарин
- 2 портокали
- 250 гр. шеќер
Начин на подготовка:
- Се мешаат во сад брашното со шеќер, млеко и јајцата и се варат.
- Оладената маса се трга на страна и се додава маргаринот кој треба да го измешате со шеќер (250 гр), па сокот од портокали.
- Се заедно се меша и се филуваат обланди или колачи.
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега