Тетовска тава: Традиционален Македонски специјалитет од 4 вида месо

Тетовска тава: Традиционален Македонски специјалитет од 4 вида месо

Со оваа тетовска тава оди чаша квалитетно црвено вино, кое совршено ќе ја избалансира оваа количина различно месо.

Состојки:

  • 400 гр свинска кременадла
  • 6 зелени свежи пиперки
  • 2 црвени пиперки
  • 250 гр јунешко месо рамстек
  • 1 домат
  • 200 гр мешано мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 200 гр јагнешка црна џигерица
  • 4 чешниња лук
  • 200 мл павлака
  • 1 јајце
  • магдонос
  • листови целер
  • 1 пилешка коцка за супа
  • 1 говедска коцка за супа
  • 1 лажичка мешавина од зачини
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. На скара испечете го свинското и јунешкото месо, јунешката џигерица и посолени топчиња од мелено месо. 
  2. На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид. Кога ќе омекне, додајте парчиња пиперки, домат, сечкан лук, магдонос, целер, зачинете и додајте го испрженото месо. Посолете, побиберете и налијте ја претходно зготвената супа. 
  3. Содржината ставете ја во земјен сад. Печете 1 час на 200 степени. Измешајте жолчка и павлака, па додајте ги во земјениот сад. Вратете во рерна и печете уште 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text