Ружи со ореви по стар рецепт

Ружи со ореви по стар рецепт

Декоративни колачиња кои ќе ве освојат со својот вкус…

Состојки:

  • 4 шолји брашно
  • 1 шолја масло
  • 1 шолја млака вода
  • 2 лажички квасец
  • 2 лажици какао
  • 5 шолји вода
  • 4 шолји шеќер
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр сечкани ореви

Начин на подготовка:

  1. Од наведените состојки замесете тесто и поделете го на два еднакви дела, во еден додајте какао и повторно замесете. Оставете тестото да надојде. 
  2. Кога тестото ќе надојде растегнете го белото тесто во облик на правоаголник со дебелина од 0,5 см. По него посипете шеќер и ореви. Преку ставете растегнато црно тесто и посипете со шеќер и ореви. Замотајте во облик на ролат, и исечете на 30 парчиња. Ставете ги да се печат во намастен плех 20 минути на 200 степени. 
  3. Во посебен сад ставете шеќер и вода да се зготви. Кога ќе зоврие посипете го испечените ружи и оставете да стои додека ружите не го впијат преливот.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text