Вкусни пржени пастрмки со лимон и бадеми

Вкусни пржени пастрмки со лимон и бадеми

Пастрмките, заедно со лососот, се нарекуваат и племенети риби од студените води, а нивното месо се смета за деликатес бидејќи е многу вкусно.

Ви донесуваме одличен рецепт за пржени пастрамки – вкус кој се памти!

Состојки:

  • 1 кг мали компири
  • сол
  • бибер
  • 4 подготвени пастрмки
  • 1 лажица вински оцет
  • 3 лажици масло
  • 4 лажици брашно
  • 6 лажици путер
  • 125 гр бадеми
  • 2 лимони
  • ситно сечкан магдонос

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги, измијте ги и згответе ги во посолена вода. Пастрмките измијте ги и избришете ги со крпа. Оцетот измешајте го со сол, бибер и лажица масло, па премачкајте ги рибите со дресингот и извалкајте ги во брашно. 
  2. Во тава загрејте по лажица масло и путер и пржете ги пастрмките ос секоја страна по 5 минути, а потоа извадете ги и оставете ги на топло. 
  3. Исчистете ја тавата и на неа загрејте 4 лажици путер и пропржете ги бадемите. Исцедете сок од лимон. Со сокот прелијте ги пастрмките и посипете со бадеми.
  4. Исцедете го компирот и посипете го со магдонос. Рибите послужете ги со варени компири

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л

 

 

singlepost_text