Овошна убавица: Кремаста торта без брашно, шеќер и печење

Овошна убавица: Кремаста торта без брашно, шеќер и печење

Израдувајте ги домашните со оваа преубава торта со неодолив вкус како сладолед!

Состојки:

  • 200 гр мелени бисквити
  • 100 гр растопен путер
  • 1 банана
  • 2 киви
  • 50 мл сок од портокал
  • малку малини и екстракт од малини
  • 200 гр крем сирење
  • 200 гр крем шлаг

Начин на подготовка:

  1. Во мелените бисквити додајте растопен путер и сок па добро изедначете и распоредете на дното и од страните на мал ребраст плех. Оставете половина час во замрзнувач. 
  2. Пенасто разматете крем сирење со 100 гр разматен шлаг и убаво соединете. Поделете на 3 дела. Во еден додајте изгмечена банана, во друг екстракт и малини, а во трет сечкани киви. Кората извадете ја па во дното наредете ги филовите еден преку друг, по желба, или еден покрај друг. 
  3. Украсете со шлаг. Оставете во замрзнувач два часа и потоа сечете. Тортата е како сладолед.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text