Карамел стапчиња: Десерт кој ќе го обожавате

Карамел стапчиња: Десерт кој ќе го обожавате

Можете да подготвувате разни комбинации со овие состојки…

Состојки:

  • 3 шолји шеќер (шолја од 150 мл)
  • 1 шолја млеко
  • 2 големи лажици мелени ореви

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере ставете шолја шеќер па на шпорет да се растопи и да се претвори во карамел, а потоа тргнете од шпиорет. 
  2. Додајте шолја млеко, малку измешајте па додајте уште 2 шолји шеќер и оставете убаво да се растопи и оставете да врие со постепено мешање па додајте 2 лажици мелени ореви. Треба да врие на тивок оган додека не се појават густи бели меурчиња. 
  3. Кога ќе повлечете со лажица по дното на тенџерето и кога ќе остане трага на дното, тогаш тргнете од оган и ставете во плех. 
  4. Оставете да се излади па исечете на стапчиња. 
  5. Наместо ореви, во филот можете да ставите чоколадо или стапчињата да ги прелиете со чоколадо.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед