Еклери со малини и чоколадо – Ќе заборавите на се друго

Еклери со малини и чоколадо – Ќе заборавите на се друго

Направете вкусни еклери со малини и чоколадо.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 250 мл. вода 
  • 100 мл. масло 
  • сол 
  • 150 гр. брашно 
  • 1 прашок за пециво 
  • 4 јајца

Фил:

  • 800 мл. млеко 
  • 8 лажици шеќер 
  • 2 кеси пудинг од чоколадо 
  • 1 лажица густин 
  • 1 лажица какао 
  • 125 гр. маргарин

 

Глазура:

  • 200 гр. малини 
  • 200 мл. вода 
  • 2-3 лажици шеќер 
  • 1 лажица густин

Начин на подготовка:

  1. Водата со масло и малку сол се става да зоврие, па се трга од рингла и се додаваат брашно, прашок за пециво и се меша. 
  2. Се додаваат јајцата кога ќе се излади смесата, и тоа едно по едно. 
  3. Се формира тесто и се прават крофни, се редат во плех со хартија и се печат на 180 степени 15-20 минути. 
  4. Во меѓувреме пудингот се меша со какао и густин, се става во 200 мл.  млеко .
  5. Се става останатото млеко на рингла со шеќерот и се  меша. Се додава пудингот, па кога ќе се тргне од шпорет и маргаринот. 
  6. Се става во шприц филот и се полнат крофните. 
  7. Се подготвува преливот така што се ставаат малините со шеќер на оган, се става вода и гистин и се меша. 
  8. Се прелеваат колачите.

 

 

 

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта