Највкусен и најбрз рецепт за пастрмајлии – Домот ќе замириса

Највкусен и најбрз рецепт за пастрмајлии – Домот ќе замириса

Вкусно тесто за пастрмајлија и богат фил на месо.Ова е рецептот за вкусен појадок, ручек или вечера:

Состојки:

  • 1 кг. брашно 
  • 20 гр. квасец 
  • сол 
  • 800 гр. свинско месо 
  • малку свинска маст 
  • 1 шолја вода топла 
  • малку црвен пипер

 

 

Начин на подготовка:

  1. Месото се сече на коцки, се става сол, малку мелен црвен пипер и се остава во ладилник. Може да го спремите од вечерта. 
  2. Квасецот со малку топла вода и брашно се остава да нарасне, па се замесува тесто со квасецот, брашното, сол и топла вода. Нека нарасне, па поделете осум топки. 
  3. Секоја расукајте ја и направете ја во форма за пастрмајлија. 
  4. Одозгора ставете месо со свинска маст, па печете околу половина час на 180 степени. 
  5. Кога ќе се извади од рерна, завиткајте ја со крпа и оставете ја да се излади.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

singlepost_text