Едноставен чоколаден десерт со малини

Едноставен чоколаден десерт со малини

Уживајте во освежувачкиот вкус на малини потопени во кремаста мешавина од грчки јогурт, мед и чоколадо…

Состојки:

  • 200 гр чоколадо
  • 100 гр смрзнати или свежи малини
  • 500 гр грчки јогурт
  • 3 лажици мед

Начин на подготовка:

  1. Искршете го чоколадото на мали парчиња и растопете го на пареа. Кога ќе се растопи, изладете го десетина минути. Додека чоколадото се лади, ставете по неколку малини во чаши или чинии, а во посебна чинија измешајте јогурт и мед. 
  2. Кога чоколадото ќе се излади, брзо измешајте во смесата со јогурт. Добро измешајте, па ставете во чаши, преливајќи преку малините. 
  3. Изладете во фрижидер. Пред послужување изрендајте малку чоколадо од горе.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text