Вкусни и брзи велигденски клачиња. Десерт за големиот празник кој ќе го обожаваат сите, особено децата.
Состојки:
- 20 чајни колачиња
- 200 гр. бело чоколадо
- 100 гр. кокос
- 1 коцка црно чоколадо
- 100 мл. слатка павлака
- зелена, жолта и црвена боја за храна
- малку вода
- чепкалки
- кесе
Начин на подготовка:
- Се бои прво кокосот, така што зелената боја во прав се меша со малку вода, се става кокосот, па се става во кесе за замрзнувањеи се меша за кокосот да позелени.
- Се топи белото чоколадо, па чајните колачи се ставаат во вода, па во чоколадо и во зелениот кокос.
- Се оставаат да се стегнат, а павлаката се мати со жолтата боја.
Се става во шприц жолтиот шлаг, па со него се исполнуваат дупките, како што е прикажано на видеото. - Црното чоколадо се растопува и со помош на чепкалки се прават очи.
- За клунот оставете од жолтиот шлаг малку и ставете малку црвена боја.
- Се е прикажано во видеото:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта