Сочна и едноставна салата од компир која ќе ја обожавате!
Состојки:
- 1 кг компир
- 150 гр целер
- 1 главица кромид
- 500 гр моркови
- 250 гр посен мајонез
- 200 гр кисели краставички
- 1 лажица сенф
- малку бибер
- неколку лажици оцет од тегла од краставиците
Начин на подготовка:
- Зеленчукот добро измијте го и сè згответе во лушпа. Оставете да се излади, па излупете.
- Изрендајте ситно краставици, измешајте со мајонез, сенф, посолете и побиберете. Додајте и оцет. Компирите исечете ги на тенок помфрит.
- Филувајте на чинија на која ќе ставите калап. Ред компири, намаз, изрендан морков и целер, повторно ред компири и така наизменично.
- Оставете ја салатата во фрижидер да стегне и вкусовите да се спојат. Тргнете го калапот и декорирајте. Салатата можете да ја измешате и во чинија.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт