Појадок, замена за ручек или мезе. Навистина вкусен, а посен деликатес со туна.Ова е рецептот:
Состојки:
- 1 лист обланда
- 2 конзерви туна
- 100 гр. пченка
- 3 кисели краставички
- 2 лажици пржен сусам
- 100 гр, маргарин посен
- сол
- бибер
- кечап
Начин на подготовка:
- Се става обландата меѓу две влажни крпи за да омекне и да може да се витка.
- Спремете го филот во меѓувреме, така што ќе ја исцедите туната од маслото, ќе додадете растопен маргарин и ќе мешате, па ќе ги додадете сечените кисели краставички и пченката со пржениот сусам на малку масло.
- Ставете сол и бибер.
- Се премачкува обландата и се прави ролат, па се остава да се стегне.
- Украсете горе со кечап.
Повеќе на Gotvi.mk:
Макарони со пилешко – кремава тава
Ваков деликатес со макарони не сте јаделе