На стар начин: Посен, чорбест грав со зеленчук и за најголемите гурмани (Видео)

На стар начин: Посен, чорбест грав со зеленчук и за најголемите гурмани (Видео)

Рецепт за љубителите на добар чорбест грав. И во деновите на пост со својот вкус ќе ги задоволи и најголемите гурмани.

Состојки:

  • 400 гр грав
  • 2 главици кромид
  • 1 главица лук
  • 1 морков
  • 1 корен магдонос
  • бибер во зрно
  • ловоров лист
  • 1 зелена пиперка
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажичка црвена пипер
  • зачин
  • сол
  • мелен бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Гравот добро измијте го и налијте вода. Додајте сечкан кромид, морков, магдонос, бибер во зрно, ловоров лист и зелена пиперка. Гответе околу еден час на средна тепература. 
  2. Во тава ставете масло и пропржете ситно сечкан кромид, потоа додајте брашно, сечкан лук и, кога ќе порумени, додајте црвена пипер, па тргнете од оган и ставете во гравот. 
  3. Додајте зачин, мелен бибер и сол по потреба. Оставете да врие уште минута – две и гравот е готов.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text