Едноставно и фино јадење: Мароканско пилешко со маслинки и лимон

Едноставно и фино јадење: Мароканско пилешко со маслинки и лимон

Традиционално мароканско јадење кое ќе ве освои со својот богат вкус!

Состојки:

  • 4 пилешки батаци со карабатаци
  • 1 лимон
  • неколку чешниња лук
  • полна рака маслини (зелени и црни)
  • 1 гранче рузмарин
  • малку маслиново масло
  • 1/2 чаша бело вино
  • сол
  • бибер
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • 1 лажичка црвена пипер
  • 1/2 лажичка куркума

Начин на подготовка:

  1. Месото измијте го, исушете го и посипете со маслиново масло. Потоа истријте го со сол, бибер, ѓумбир и сите останати зачини. 
  2. Потоа ставете малку маслиново масло и на плех наредете го месото. 
  3. Околу месото распоредете рузмарин, чешниња лук, маслини, парчиња лимон и налијте бело вино. 
  4. Ставете во загреана рерна да се пече на 220 степени. Печете половина час прекриено со хартија за печење за месото да омекне, а потоа тргнете ја хартијата и печете уште 10-15 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text