Одлични се за доручек, вечера или ужина…
Состојки:
- тесто за пица или лиснато тесто
- тенко сечкана сланнина
- 4 јајца
- 1 шолја рендан кашкавал
- малку сечкан магдонос
- сол
- бибер
- жолчка за премачкување
Начин на подготовка:
- Во сад скршете јајца, додајте рендан кашкавал, магдонос, сол и бибер, разматете со жица, па испржете како кајгана.
- Тестото пресечете го на големи триаголници. Долж рабовите на триаголниците ставете по еден лист сланина, а на средина лажица смеса со јајца.
- Свиткајте ги како кроасани и премачкајте ги со разматена жолчка. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење и печете на 180 степени околу 12 минути. Внимавајте на времето, бидејќи тестото е тенко и лесно може да изгори.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт