Кремаво и вкусно: Богат рецепт за руска салата за малку пари

Кремаво и вкусно: Богат рецепт за руска салата за малку пари

Руската салата има повеќе варијанти. Од посна, до онаа со мајонез, со ајвар или пак со и без месо.
Ова е нов супер рецепт со вкус кој долго се памети и често ќе се бара:

Состојки:

  • 3 компири
  • 3 моркови
  • 3 варени јајца
  • 300 гр. грашок
  • 6-7 краставички кисели
  • 300 гр. шунка
  • 1 пилешко филе
  • сол
  • 300 гр. мајонез
  • 200 гр. павлака

Начин на подготовка:

  1. Се вари зеленчукот во вода со сол. Се вари и пилешкото филе и јајцата.
  2. Се лади зеленчукот и ситно се сече на коцки, а се сечат и јајцата.
  3. Се додава павлаката во мајонезот и се мати.
  4. Се става зеленчукот во нив, се става и ситно цепканото или сечено месо,се додава и сецканата шунка. Додадете си зачини и јајцата.
  5. Оладете и послужете.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Посна мимоза салата

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

singlepost_text