Вкусна салата со тестенини и зеленчук.Ова е вкусниот рецепт:
Состојки:
- 1-2 шолји интегрални макарони
- 1 конзерва туна
- 3 лажици пченка
- 1 домат
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Се варат тестенините во солена вода, количина по желба. Бидејќи набабруваат, доволно ви е една шолја.
- Се сече доматот на половина, па на кришки, а туната со маслото се става на тава и се пропржува, па и се додава пченката.
- Се ставаат и зачините.
- Се цедат макароните, се ставаат во сад, се додаваат доматите и туната со пченка и зачини и се меша.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата