Лешникот е намирница со висока енергетска вредност. Може да се јаде сиров, печен, посолен и со шеќер, а сега можете и сами да подготвите млеко од лешник.
Состојки:
- 1 шолја лешници (2 дл)
- 3-4 шолји вода
- 5 исечкани урми
- прстофат сол
- малку ванила
- газа за цедење
Начин на подготовка:
- Лешниците иситнете ги во блендер. Додајте урми и прелијте со топла вода. Оставете да се потопат неколку часа или најдобро преку ноќ.
- Додајте сол и зачини и уште еднаш сè добро изблендирајте. Во широк сад раширете поголемо парче газа во двоен слој така што добро ќе преминува преку рабовите.
- Во средина налијте ја смесата од лешници, соберете ги рабовите газа внимавајќи смесата да не истече од страна и добро исцедете со раце. Она што останува во садот е млеко од лешник, а остатокот од мелените лешници можете да го употребите за некој друг рецепт.
- Млекото од лешници може да стои во фрижидер 3-4 дена.
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи