Кога се готви по овој рецепт нема утка: Најкремави шпагети лесни за подготовка

Кога се готви по овој рецепт нема утка: Најкремави шпагети лесни за подготовка

За љубителите на италијанската кујна ова е совршено јадење. Дури и ако не сте љубител на тестенини, ова ќе ви биде омилено јадење.Најкремави шпагети во сос:

Состојки:

  • 500 гр. шпагети 
  • 200 гр. сланина или шунка 
  • 700 мл. млеко 
  • 6 лажици брашно 
  • 100 гр. кашкавал 
  • сол 
  • вегета 
  • оригано 
  • 1 павлака

 

 

Начин на подготовка:

  1. Во зовриена солена вода се ставаат шпагетите и се варат. 
  2. Се сече ситно шунката или сланината, во зависност од тоа што ќе одберете, па се пржи на малку масло, се става 600 милилитри млеко, а во останатите 100 милилитри се разматува брашното. Се додава на сланината или шунката, се додаваат и зачини и се меша. 
  3. Кога ќе се згусне смесата, се става кашкавал, па павлака. 
  4. Се става сосот на шпагетите откако ќе се исцедат.

Повеќе на Gotvi.mk:

Потпечен зеленчук со макарони

Макарони со пилешко – кремава тава

Посебен рецепт за макарони

Нова идеја за тестенини

Ваков деликатес со макарони не сте јаделе

бел сос за макарони од две состојки

Запечени пица макарони