Чоколадни палачинки: Изненадете ги најблиските со вкусен и брз доручек

Чоколадни палачинки: Изненадете ги најблиските со вкусен и брз доручек

Готовите палачинки можете да ги послужите со разно овошје, ореви, карамел, топено чоколадо и други десертни преливи…

Состојки:

  • 1 шолја брашно
  • 2 јајца
  • 1 шолја млеко
  • 50 гр путер
  • 60 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 4 лажици какао во прав
  • прашок за печиво
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад ставете 3/4 чаша млеко и додајте јајца, шеќер, ванилин шеќер, сол, прашок за печиво, брашно и какао. Измешајте темелно додека состојките не се соединат.
  2. Останатото млеко загрејте го и додајте путер. Кога путерот ќе се растопи ставете го во тестото и внимателно мешајте.
  3. Кога ќе ја загреавате тавата ви предлагаме да изберете средна температура. Со голема лажица ставајте тесто во тавата и пржете палачинки од двете страни додека не добијат златна боја.

Послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text