Вкусно, евтино и лесно јадење кое брзо се подготвува, можете да го направите во варијанта со или без месо.
Ризи-бизи или ориз со грашок е стандарен прилог за разни јадења со месо. Кој сака може да го подготви и како главно јадење во деновите на пост.
Состојки:
- 500 гр грашок
- 100 гр ориз
- 1 главица кромид
- 2 моркови
- 2 компири
- масло
- сув зачин
- бибер
- сол
Начин на подготовка:
- Исечкајте кромид и моркови па пропржете на масло, додајте грашок па малку издинстајте (додајте шолја вода) па добро измиен и малку обварен ориз.
- Додајте сув зачин и налијте уште малку вода, поклопете и оставете да крчка додека не испари вишокот вода.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт