Направете вкусна крем салата со кикиритки која ќе биде идеална за ручек, за гости или свеченост.Ова е рецептот:
Состојки:
- 1 шолја солени печени кикиритки
- 1 конзерва пченка
- 1 кисела павлака
- 2 шолји мајонез
- 80 гр. шунка
- 1 шолја ориз
- 2 лажички сол
- бибер
- 1 шолја шампињони од тегла
- 1 свежа бабура
Начин на подготовка:
- Се обарува пченката и оризот, а се сечат кикиритките, шампињоните и шунката со бабурата.
- Се мешаат павлаката и мајонезот, па се додаваат сечените и обарени состојки.
- Се става сол и бибер, па се декорира по желба.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата