Запечени пилешки шницли со слатка павлака

Запечени пилешки шницли со слатка павлака

За следниот ручек подгответе ги овие вкусни пилешки шницли, нема да згрешите!

Состојки:

  • 600 гр пилешки шницли
  • 2 лажици сув зачин
  • 250 мл слатка павлака
  • 2 лажици масло
  • 50 гр рендан ајдамер

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото исечете го на тенки парчиња и посипете го со зачин, оставете го така да отстои околу 30 минути. 
  2. Испечете ги парчињата месо во тава на загреано масло, од секоја страна по околу 5 минути. 
  3. Подготвените парчиња месо ставете ги во огноотпорен сад, прелијте ги со слатка павлака, посипете со рендан ајдамер и печете во рерна загреана на 230 степени околу 10 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text