Направете старински колач со јаболка по рецептот на нашите баби и мајки.Има врвен вкус, ова е рецептот:
Состојки:
- 5 јајца
- 1,5 шолји шеќер
- пола шолја млеко
- 1 шолја масло
- 2 шолји брашно
- 1 кесе прашок за пециво
Фил:
- 2 кг. јаболка
- 200 гр. шеќер
- цимет
- 1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Се матат убаво јајцата со шеќер, па се додава млеко, брашно, масло и прашокот за пециво.
- Се става смесата во плех со хартија, и се пече околу 20 минути на 180 степени.
- Се лупат и рендаат јаболката, се мешаат со шеќерот и се динста додека сокот не испари.
- Се додаваат цимет и ванилин шеќер.
- Се меша се убаво и се додава над пандишпанот, така што ќе го пресечете пандишпанот на два дела, па вториот ќе го ставите врз филот.
- Се остава уште малку да се запече и се проверува кога е готово со чепкалка.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта