Ако и вие спаѓате во оние кои се љубители на неверојатниот сникер вкус, ова е брз и лесен десерт за вас.
Состојки:
- 300 гр. шеќер
- 2,5 дл. вода
- 250 гр. маргарин
- 100 гр. чоколадо
- 400 гр. искршени бисквити
- 300 гр. сечени печени кикиритки
- 2 лажици мед
Глазура:
- 150 гр. чоколадо
- 4 лажици масло
- 20 гр. маргарин
Начин на подготовка:
- Се вари шеќерот со вода, се додава маргарин и чоколадо.
- Се трга шерпата од оган, се додаваат бисквитите со кикиритките (околу 300 грама), па топлата смеса се става во тепсија, се премачкува со мед и се става глазура, така што ќе растопите чоколадо со маслото и маргарин.
- Прелијте го колачот.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути