Ова тесто е целосно поинакво од сите останати кои досега сте ги пробале.
Состојки:
- 1 кг брашно тип 400 меко
- 500 мл млако млеко
- 3 лажици кисела павлака Пекабела
- 1 кесичка прашок за печиво
- 2 лажици сув квасец
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажица сол
- 150 мл масло
- 1 жолчка
- 125 гр путер за премачкување
- 1 белка за премачкување
- 2 лажици сусам за посипување
Начин на подготовка:
- Во чинија ставете 500 гр брашно, направете вдлабнатина, па во неа ставете сув квасец, шеќер, сол, прашок за печиво, кисела павлака и масло. Сè замесете со млако млеко, додајте го останатото брашно и замесете фино глатко тесто. Тестото оставете го да надојде.
- Надојденото тесто поделете го на топчиња. Топчињата оставете ги да надојдат. Секое топче развлечете во елипса и премачкајте со малку омекнат путер. Тестото исечете го во ленти и свиткајте па така премачкајте со неразматена белка и посипете со сусам. Печете 30 минути на 180 степени.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот