Тестото се подготвува брзо, а им успева и на почетници…
Состојки:
- 600 гр брашно
- 4,5 дл топла вода
- 1 лажица сув квасец
- сол по вкус
Начин на подготовка:
- Од наведените состојки замесете меко тесто и оставете го да отстои половина час. Премесете го во малку брашно, сечете на еднакви парчиња од кои се формираат големи топки.
- Развлечете го тестото со сукало во помали кругови како за пита. Повторно оставете да отстои околу половина час и со помош на нож направете мрежички. Загрејте ја рерната и тепсијата за печење. На неа постепено ставајте ги лепињите, онолку колку што може да собере.
- Лепињите се готови после половина час печење.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот