Фритата со спанаќ и горгонзола: Вкусен оброк за деца и возрасни

Фритата со спанаќ и горгонзола: Вкусен оброк за деца и возрасни

Поедноставно јадење тешко ќе пронајдете, а полно е со протеини. Можете да го послужите како доручек или како прилог со главното јадење за ручек.

Состојки:

  • 8 јајца
  • 80 гр сирење горгонзола
  • 200 гр спанаќ
  • сол
  • 40 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Спанаќот исчистете го, измијте го па потопете го на 2 минути во солена врела вода. Исцедете го и ситно исечкајте го. 
  2. Разматете ги јајцата, посолете и додајте спанаќ и горгонзола исечкана на коцки. 
  3. Од подготвената смеса на загреан путер испечете фритата. Послужете со салата од домати.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text