Торта „Чоколадна принцеза” – Чоколаден пандишпан, растопено чоколадо за глазура

Торта „Чоколадна принцеза” – Чоколаден пандишпан, растопено чоколадо за глазура

Ќе ве воодушеви засекогаш, неверојатен вкус на торта богата со чоколадо.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 8 јајца 
  • 200 гр. кафеав шеќер 
  • 100 мл. масло 
  • 300 гр. темно чоколадо 
  • ½ прашок за пециво

 

Глазура:

  • 400 гр. темно чоколадо 
  • 500 мл. павлака за готвење 

     

     

 

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени, а плех за печење обложете со хартија. 
  2. Белките се матат во цврст снег, додека во жолчките се додава шеќер, се соединува, па се ставаат масло и прашок за пециво и убаво се меша смесата. 
  3. Се топи чоколадото на оган и се става во смесата со жолчки. 
  4. Се додаваат и белките, па се соединува. 
  5. Се става смесата во плехот и се пече 40 минути. 
  6. За глазура се топи чоколадото на оган, а павлаката се мати, па се соединуваат и се ставааат врз бисквитот додека е врел. 
  7. Декорирајте по желба.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта