Вреди да се проба: Грчко пилешко полнето со тиквици, домат и фета сирење

Вреди да се проба: Грчко пилешко полнето со тиквици, домат и фета сирење

Белото месо е полно со протеини, а содржи малку калории, поради што е идеална намирница за одржување на идеална телесна тежина.

Состојки:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажичка исчекан магдонос
  • 1 помала главица црвен кромид, исечкан
  • 2 чешниња сечкан лук
  • сол
  • бибер
  • 1 домат исечкан на тенки парчиња
  • 2 поголеми парчиња пилешки гради
  • 1 тиквица, излупена и исечкана на кругови
  • 2 лимони, исечкани на кругови
  • 1 шолја издробено фета сирење
  • 1 шолја моцарела, издробена

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја печката на 200 степени. Засечете ги пилешките гради како би можеле да ги полнете.
  2. Во сад измешајте маслиново масло, сок од лимон, магдонос и лук.
  3. Прелијте преку пилешкото, зачинете со бибер и сол.
  4. Пилешките гради наполнете ги со тиквици, домат, лимон и кромид.
  5. Посипете со моцарела и фета. Печете во печка од прилика 25 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство