Повкусно од омлет или варени јајца: Поховани полнети јајца за појадок или мезе (Видео)

Повкусно од омлет или варени јајца: Поховани полнети јајца за појадок или мезе (Видео)

Ако ви здодеа од омлет, јајце на око или варени јајца, за вас имаме деликатесен специјалитет кој може да послужи како појадок, мезе, или пак, како деликатес за свечена трпеза.

Состојки:

  • 10 варени јајца 
  • 2 лажици мајонез 
  • 2 лажици павлака 
  • магдонос 
  • 1 лажиче власец 
  • 50 гр. колбаси 
  • 50 гр. салама 
  • сол

 

Поховање:

  • 4 јајца 
  • 200 гр. презла 
  • 150 гр. брашно 
  • сол 
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Се варат јајцата во солена вода, се лупат и се сечат на пола. Во еден сад се ставаат жолчките, со мајонез и павлака, па се ситнат, се става и магдонос и власец. Потоа се додаваат сечени колбаси, салама, сол и се меша. 
  2. Се полнат белките со оваа смеса и повторно се добива цело јајце. 
  3. Се матат јајцата за поховање, се става сол, па се ставаат полнетите јајца во брашно, јајцата, презла и пак во јајце и презла. 
  4. Се пржат на загреано масло, околу 500 милилитри.

Видео рецептот во продолжение:

 

 

 

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Сакате совршено пржени јајца?

ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?

ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца

Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот?

ВИДЕО: Ова се прави од картон од јајца

Мафини со јајца на око

Печени јајца со сос