Сите јадеме грав, особено во петок или среда, но ваков деликатес немате пробано. Идеално за посните денови.
Состојки:
- 3-4 шолји грав
- малку целер
- 2-3 суви пиперки
- 2 моркови
- магдонос
- 1 главица кромид
- 2 чешни лук
- ловор
- сол
- бибер
Начин на подготовка.
- Се чисти и се мие гравот, се остава во вода да набабри, па се цеди и му се става друга врела вода и се вари на вообичаен начин, со ситно сечен кромид.
- Се варат одделно, исчистениот и ситно сечен зеленчук, целер, моркови, пиперки, лук и магдонос, па кога ќе се свари се блендира, се ставаат зачини, ловор и магдонос за шмек.
- Се става во чинија гравот кој треба да го исцедите, смесата од зеленчукот, па магдонос за декорација.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти: