Воздушести јастучиња со сирење – Брз појадок за работните денови

Воздушести јастучиња со сирење – Брз појадок за работните денови

Брзи, меки и вкусни, идеални за појадок дури и во работен ден, со нивната брза подготовка. Може да ги комбинирате и за ручек, со спанаќ или некое друго јадење. Може да ги прелиете со јогурт и кисело млеко, како и да ги направите вкусот им е одличен.Рецепт за солени јастучиња со сирење:

Состојки:

  • 200 гр. брашно
  • 200 гр. сирење
  • 3 јајца
  • 1 дл. вода
  • пола квасец
  • 3 лажици масло
  • сол
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Рецептот е многу брз и едноставен. Земете сад и изматете ги јајцата, изронете го квасецот, ставете иситнето сирење, брашно и вода.
  2. Додајте масло и сол на смесата.
  3. Добро изматете додека не се направат балончиња. Потоа, оставете ги 15 минути со крпа, измешајте, па со лажица вадете од смесата и спуштајте во тава со врело масло.
  4. Се пржат додека убаво не поруменат.
  5. По желба, врз нив кога се готови може да ставите кисело млеко, павлака, сирење, младо кромитче или пак кајмак или јогурт.
  6. Може да ставите и сусам.
  7. Дури и да не ставите ништо, навистина се совршени.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

singlepost_text