Исклучително брзо и вкусно јадење. Прокељ со компири и колбаси во тава. Прокељот е богат со витамини Ц и А, протеини и влакна, па оваа комбинација со малку калории е одлична.Ова е рецептот за вкусен ручек.
Состојки:
- 450 гр. прокељ
- 500 гр. компири
- 150 гр. колбаси
- 3 чешни лук
- 50 мл. масло
- 1 лажица вегета
- бибер
- 1 шолја вода
Прелив:
- 400 гр. кисела павлака
- 30 мл. масло
- 100 гр. пченично брашно
- 2 јајца
- магдонос
- 50 мл. вода
- вегета
- бибер
Начин на подготовка:
- Се мие и чисти прокељот, се сече на половина, компирот се лупи и сече на коцки, лукот се сече ситно.
- Се динстаат на масло и вода прокељот и компирите, па по десет минути се додаваат зачините и лукот, колбасите и се динста уште малку.
- Ставете во огноотпорен сад премачкан со масло.
- Се матат за прели јајцата со павлака, брашно, масло, вода, зачини и магдонос.
- Се става во тавата преливот и се пече на 220 степени околу 30 минути.
Видео рецепт во продолжение:
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: