Плескавици за Велигденскиот пост – Рецептот е посен, ама врвен

Плескавици за Велигденскиот пост – Рецептот е посен, ама врвен

Направете нешто посно и вкусно, а воедно и лесно за подготовка. Туна плескавици се совршен рецепт. За оние кои постат ова е совршен рецепт за претстојниот викенд, кога се дозволува масло и вино.

Ова е подготовката:

Состојки:

  • 3 конзерви туна 
  • 2 домати 
  • 2,5 дл. бело вино 
  • 2 кеси желатин 
  • пола шолја вода 
  • 1 главица кромид 
  • сол 
  • бибер 
  • оцет

 

Начин на подготовка:

  1. Белото вино со водата и кромидот кој ситно се сече се оставаат да вријат на оган, а потоа кромидот се цеди.
  2. Се мати желатинот со малку ладна вода, се става во течноста од вино и вода, па се земаат калапи и се става течноста и се остава да се стегне.
  3. Кога ќе биде стегнато се ставаат кругови домат, туна, и повторно се остава да се стегне.
  4. Овој рецепт е со вино, па затоа може да го јадете за викенд кога се дозволени вино и масло.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте