Неодоливи, ароматични – мафин кроасани полнети со џем (Видео)

Неодоливи, ароматични – мафин кроасани полнети со џем (Видео)

За доручек, ужина или вечера, со топло млеко или чај – совршен оброк за целосно уживање!

Состојки:

  • 300-350 гр брашно
  • 20 гр квасец
  • 200 мл млеко
  • 2 јајца
  • 50 гр маргарин
  • малку масло
  • шеќер
  • малку сол
  • кора од лимон
  • 50 гр суво грозје
  • џем од кајсии

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец во малку млеко, додајте шеќер, масло, остатокот од млекото, брашно, сол и суво грозје, па замесете меко тесто. Оставете го малку да нарасне, издвојте мали топчиња кои треба да ги развлечете што потенко како би биле проѕирни. Премачкајте ги со маргарин и свиткајте во ролнички.
  2. Со остар нож ролничките расечете ги по должина, па секоја половина свиткајте ја во круг и ставете ги во калап за мафини. Премачкајте ги со жолчка.
  3. Оставете малку да нараснат, па печете на 200 степени 20 минути. Со шприц полнете ги кроасаните и посипете ги со шеќер во прав.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text