Без брашно: Брз колач од јаболка, сочен и неодолив (Видео)

Без брашно: Брз колач од јаболка, сочен и неодолив (Видео)

За сите кои немаат многу време за подготока на десерти, а сакаат вкусни домашни колачи, еве предлог за еден богат вкус.

Сочен колач од јаболка, без брашно, едноставен и брз за подготовка!

Состојки:

  • 4 јајца
  • 1 чаша мелени ореви
  • 1 чаша гриз
  • 1 чаша мелени бисквити
  • 1 прашок за печиво
  • 200-300 гр шеќер
  • 2 рендани јаболка
  • малку цимет
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 200 мл јогурт
  • 50 мл масло

Начин на подготовка:

  1. Разматете ги со миксер јајцата со шеќерот. Додајте рендани јаболка и сите останати состојки, лесно измешајте, излејте во помал плех и израмнете.
  2. Посипете со мелени ореви и печете на 200 степени 40 минути, потоа после некое време прекријте со фолија. Кога ќе се излади, сечете по желба.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text