Видео рецепт: Брзи солени мафини со кашкавал

Видео рецепт: Брзи солени мафини со кашкавал

Почнете го ова утро со брз рецепт кој се прави во калапи за мафини. Направете брзи златни мафини за појадок, мезе или за некоја свечена трпеза.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 200 мл. млака вода
  • 25 гр. квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 150 гр. брашно
  • 200 гр. пченично брашно
  • 100 мл. масло
  • сол
  • 150 гр. кашкавал
  • 50 гр. палента
  • 100 гр. маргарин
  • 1 јајце за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Во млаката вода се растопува квасецот со шеќер, па се додаваат двата вида брашно, сол, масло и рендан кашкавал.
  2. Се замесува тесто со раце и се остава 30 минути да нарасне.
  3. Ставете малку брашно и палента на работната маса, расукајте го тестото. Премачкајте со маргарин и поклопете, како што е покажано детално на видеото.
  4. Оставете го покриено тестото уште 15 минути.
  5. Повторно расукајте, замотајте го како за штрудла, ставете палента, па исечете мали парчиња.
  6. Премачкајте калап за мафини и ставете ги парчињата.
  7. Загрејте ја рерната на 200 степени, нека стојат во меѓувреме мафините да нараснат, премачкајте ги со јајце и ставете ги да се печат околу 30 минути.

Ова е деталната подготовка, чекор по чекор покажана на видеото:

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Точни состојки за пржени лепчиња

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми