Идеја за доручек: Брускети со печурки и пиперка

Идеја за доручек: Брускети со печурки и пиперка

Подгответе вкусни и крцкави брускети со печени печурки и пиперка.

Состојки:

  • 2-3 печурки
  • 1 мала слатка пиперка
  • 40 гр крем сирење
  • оцет балсамико
  • неколку листови рукола (може босилек или нане)
  • сол
  • бибер
  • маслиново масло
  • 2 парчиња леб

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ги печурките на тенки листови, а пиперката на исечете ја долж на четири дела. 
  2. Загрејте тава со маслиново масло и пржете ги печурките додека не омекнат, посолете и побиберете по вкус, а на крај посипете со балсамико оцет. 
  3. Парчињата леб ставете ги на тава или во тостер, нанесете крем сирење, а преку ставете динстани печурки и пиперки. Декорирајте ги брускетите со листови рукола, нане или босилек.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула