За време на постот, посните слави и други различни прилики. Направете посна црвена или посна „руска” салата со ајвар наместо мајонез.
Ова е рецептот и сè што ви е потребно:
Состојки:
- 12 лажици ајвар
- 4-5 компири
- 5 моркови
- 200 гр Пекабеско замрзната пченка
- 200 гр Пекабеско замрзнат грашок
- 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Излупете ги морковите, па ставете ги да се варат заедно со грашокот додека водата да зоврие. Кога ќе зоврие додадете ги излупениот компир и солта.
- Нека омекне зеленчукот, па пред крај ставете ја пченката, бидејќи за неа е потребно помалку време да се свари.
- Исцедете го зеленчукот, а наша сугестија е водата во која се вареше зеленчукот да ја искористите за да направите супа.
- Оладените компир и морков се сечкаат на коцки и се ставаат о длабок сад, па се додаваат грашокот, пченката и ајварот. Се меша и декорира по желба.
- По вкус може да ставите и туна или, пак, посен мајонез. Може да направите и многу други посни комбинации.
Ако не постите може да ставите и салама, кашкавал или сирење.
Ова е видеото со целосната подготовка и совети:
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт