За посните денови и големиот и тежок Велигденски пост, направете посен бурек за добро утро.Варијанта со многу зеленчук, повкусна од онаа со сирење и месо.
Состојки:
- 500 гр. тенки кори
- 200 гр. печурки
- 100 гр. моркови
- 400 гр. компир
- 150 гр. кромид
- 1 дл. масло
- 2 дл. вода
- 2 лажички сол
- бибер
- 200 мл. кечап
Премачкување:
- 1 дл. вода
- 0,5 дл. масло
Начин на подготовка:
- Се исечете на коцки, издинстајте го кромидот, измиениот и излупен морков и малку вода. Додајте го и измиениот, излупен и исечен компир, па остатокот од водата.
- Кога ќе омекне зеленчукот, додајте шампињони, ставете сол и бибер, па крчкајте уште малку, а кога ќе се излади ставете кечап.
- Подмачкајте помала тепсија, ставете ја првата кора, така што да паша надвор од плехот, ставете од намазот за горе со масло и вода кои треба да се измешаат, па ставете друга кора згужвана.
- Ставете две лажици фил, па кора, па намаз.
- Оставете ја 30 минути, па загрејте ја рерната на 200 степени и испечете го бурекот околу 35 минути.
Пријатно јадење!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен
Појадок со кој ќе топите килограми